СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

ОКТА го започна третиот квартал од 2019 година со значително зголемена профитабилност

ОКТА го започна третиот квартал од 2019 година со значително зголемена профитабилност, пред сè поради континуираниот раст на обемот на продажба на домашниот и на странскиот пазар, позитивниот ефект од оптимизацијата на оперативните трошоци, како и ефикасниот менаџмент на индиректните трошоци.

Прилагодената ЕБИТДА, која ја отсликува оперативната профитабилност на ОКТА, во третиот квартал од 2019 година достигна 192 милиони денари, надминувајќи ги 122 милиони денари остварени во третиот квартал на 2018 година, при што главен двигател е одржливиот зголемен обем на продажба, како и оптимизацијата на структурата на трошоците. На деветмесечно ниво, прилагодената ЕБИТДА, движејќи се со ист тренд, изнесува 350 милиони денари, споредено со 274 милиони денари за истиот период минатата година. Добивката пред оданочување, во третиот квартал од 2019 година, достигна 149 милиони денари, наспроти загубата од 31 милион денари, забележана во третиот квартал од 2018 година.

Следствено на тоа, добивката пред оданочување за деветте месеци од 2019 година изнесува 187 милиони денари, што е значително повисоко од еден милион денари достигнати во истиот период минатата година. Тоа главно се должи на континуираниот раст на продажба на домашниот и странскиот пазар, дополнет со зајакнатата оперативна ефикасност, како и со позитивниот ефект од зголемените меѓународни цени на горивото. Приходите од продажба достигнаа 20.294 милиони денари, што е повисоко во споредба со истиот период од 2018 година (20.096 милиони денари), како резултат на повисоките меѓународни цени на горивото.

Ликвидноста на компанијата, поради промените во структурата и динамиката на плаќања, остана на рекордно високо ниво, кое ѝ обезбеди на компанијата непречено да ги извршува своите оперативни активности, без притоа да ги употреби кредитните линии кои ги има на располагање.

Во третиот квартал на 2019 година, ОКТА посветено продолжи да работи на реализација на општествено одговорни активности, во најголема мера посветени на поддршка на формалното и неформално образование на младите генерации, како и на безбедноста во сообраќајот. Во август, компанијата потпиша Меморандум за соработка со УКИМ за доделување десет стипендии за постдипломски студии на вкупно пет факултети, а во септември беа потпишани и договорите со тројцата студенти на кои ОКТА и Хеленик Петролеум им доделија стипендии за втор циклус студии на Универзитетот во Пиреја, Грција.

Традиционално, петта година по ред компанијата го поддржа одржувањето на камповите за млади лидери во Крушево на кои учествуваа околу 140 средношколци од семејства со различна верска и етничка припадност и социјален статус. Вработените во ОКТА и годинава учествуваа на хуманитарната трка „Подај рака“, чија цел е поддршка на заболените од ретката Вилсонова болест.
ОКТА како еден од двигателите на економијата овозможува непрекинато снабдување со горива на сите сектори, како и поддршка на развојот на субјектите директно поврзани со нафтениот сектор.

Поврзани вести

Банка која доминира на пазарот на злато годинава

msp-admin

Ракета на SpaceX слета во Тексас, а потоа експлодираше (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Нови 4,5 милиони Американци аплицираа за бенефиции за невработеност, вкупно 26 милиони

msp-admin