СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Отворен првиот меѓународен саем за автомобили во време на корона

На штотуку отворениот саем за автомобили во Пекинг, светски познатите производители, вклучувајќи ги Форд, Нисан и БМВ, ги претставија своите нови електрични модели за кинескиот пазар, кои имаат зголемен опсег на движење.

Меѓу светски познатите, има многу амбициозни кинески брендови. Така, на пример, Geely Auto претстави неколку електрични модели со декларирана автономија од над 500 километрисо едно полнење.

Тоа е првиот голем саем во која било индустрија во Кина што се одржува од избувнувањето на пандемијата КОВИД-19, поради што се во сила вообичаените превентивни мерки, додека прес-конференциите се одржуваат преку меѓународна видео врска.

Кина е прва меѓу водечките економски сили во светот која започна да се опоравува од економските последици од пандемијата, па производителите на автомобили се надеваат дека ќе ја зголемат продажбата на тој пазар и ќе го свртат трендот што им донесе загуби од милијарди долари, посочи АП.

Саемот наречен „Авто Кина 2020“ требаше да се одржи во март, но беше одложен поради пандемијата.

Поврзани вести

Ферари очекува профит од најмалку една милијарда евра во 2020 година

msp-admin

Форд инвестира милијарда долари во фабрика во Европа

Влатко Зорба

„Форбс“: Кои се 10-те највредни брендови во светот?

msp-admin