СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Форд инвестира милијарда долари во фабрика во Европа

Форд планира да влезе на европскиот пазар на електрични автомобили, во кој најавува голема инвестиција во модернизацијата на својата фабрика во Германија.

Компанијата ќе потроши милијарда долари за обнова на својата фабрика во Келн и претворање во база за производство на автомобили со нулта емисија на штетни гасови, користејќи ја механичката рамка на Фолксваген како столб, рече Стјуарт Роули, претседател на „Форд Европа“.

Тој на прес-конференцијата рече дека линијата на Форд за сите патнички возила на Стариот континент ќе се префрли на производство на електрични возила до 2030 година, пренесе „АП“.

29 милијарди долари: „Форд“ двојно ги зголемува инвестициите во електрични возила

Новиот електричен автомобил од американскиот производител треба да излезе на пазарот во средината на 2023 година, а потоа може да следи друг модел.

Компанијата соопшти дека комерцијалните возила се клучни за растот и профитабилноста во Европа и ќе понудат нови производи и услуги во сојуз со Фолксваген и заедничката компанија Отосан во Турција.

Договорот му овозможува на Форд да ја искористи огромната инвестиција на Фолксваген во технологијата на електрични возила, бидејќи автомобилската индустрија се свртува кон производство на автомобили со нулта емисија на штетни гасови.

Форд посочи дека одлуката за инвестирање во фабриката во Келн, во која работат нешто повеќе од 4.000 работници, е донесена откако нејзиниот европски бизнис се врати на позитивна територија, со профит во четвртиот квартал од 2020 година.

Инвестицијата, која треба да се реализира до 2025 година, е еден од најзначајните потези на Форд во последните две-три децении и „ја потенцира нашата посветеност кон Европа и модерната иднина“, рече Роули.

Оваа инвестиција е дел од планираните трошоци на Форд од најмалку 22 милијарди долари предвидени со стратегијата од 2016 до 2025 година за производство на електрични возила.

Поврзани вести

Credit Suisse отпушта директори по загубите од 4,7 милијарди долари

Влатко Зорба

Банка која доминира на пазарот на злато годинава

msp-admin

Гејтс: Жените треба да управуваат со парите

msp-admin