СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Дејвид Бекам инвестира во лондонски старт-ап

Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација, Дејвид Бекам, влегува во виртуелниот свет како ко-сопственик на лондонскиот старт-ап Guild Esports, пренесе „Н1“.

Од Guild Esports, кои ќе имаат седиште во Лондон се најави започнување на академија за играчи, но исто така и формирање на тимови во различни еспорт арени, вклучувајќи ги Рокет лига, ЕА Спортс, ФИФА и Фортнајт.

„Имаме визија и сакаме да поставиме нов стандард, поддржувајќи ги играчите во иднина“, рече Бекам.

“За време на мојата кариера имав доволно среќа да играм со фудбалери на врвот на нивните кариери и ја видов од прва рака страста и посветеноста потребни за врвен резултат. Ние сме посветени на негување и охрабрување на талентирани млади играчи преку нашите академски системи и со нетрпение очекуваме да му помагаме на нашиот тим на Guild Esports да расте“, додаде легендарниот англиски фудбалер.

Финансиските детали за инвестицијата на Бекам не се објавени, но „Фајненшл тајмс“ објави дека тој ќе стане вториот најголем акционер на Guild Esports.

Поврзани вести

Бислимоски: Енергетски компании бараат, на сметка од 1.000 поскапување од 50 денари

Влатко Зорба

Apple и Xiaomi се најголемите производители на паметни часовници

Влатко Зорба

Фонд на Бил Гејтс насочува 1 милијарда долари за чиста енергија

Влатко Зорба