СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

MicroStrategy го „напаѓа“ доларот: Нови 900 милиони долари за Биткоини

Фирмата за деловно разузнавање MicroStrategy планира да издаде 900 милиони долари под форма на должнички инструменти за да купи уште повеќе биткоини, се вели во денешното соопштение.

MicroStrategy ќе издаде конвертибилни обврзници со рок на достасување на 15 февруари 2027 година.

Овие обврзници ќе се продаваат приватно на квалификувани институционални купувачи според правилото 144А според Законот за хартии од вредност на САД од 1933 година.

Покрај тоа, компанијата може да додаде уште 150 милиони долари доколку оригиналните купувачи се одлучат да добијат дополнителен износ на конвертибилни обврзници.

MicroStrategy: Биткоинот е најдефицитарното средство

Обврзниците нема да носат редовна камата и нивниот основен износ нема да се зголеми. Тие ќе истечат на 15 февруари 2027 година, освен ако не бидат откупени, монетизирани или конвертирани порано во согласност со нивните услови.

Компанијата првично објави дека ќе собере до 650 милиони долари на 16 февруари, но потоа ги зголеми своите понуди на 900 милиони долари.

Со овој потег, MicroStrategy го засили својот шпекулативен напад на американскиот долар. Компанијата се потпира на опаѓачката вредност на валутата како резултат на зголемената инфлација. Издавајќи ефтин долг, компанијата сака да складира се повеќе биткоини, чија вредност историски расте, како резултат на конечната понуда на средството и експоненцијалното растечко прифаќање.

Мајкл Сејлор, извршен директор на MicroStrategy, во суштина е денешниот Хуго Стинес, т.н. „крал на инфлацијата“ на Вајмарската епублика, кој позајмува во фиат валута за да купи тврди средства во дваесеттите години на минатиот век.

Поврзани вести

Загриженоста за измама и злоупотреба повторно ја намалува цената на биткоинот

Влатко Зорба

Coinbase го претстави новиот „Asset Hub“

Влатко Зорба

Сејлор: Биткоин станува корпоративен и тоа со брзо темпо

Влатко Зорба