СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

MicroStrategy: Биткоинот е најдефицитарното средство

Елон Маск направи збрка со објавата дека Tesla купил биткоини за 1,5 милијарди долари, но тој не е првиот извршен директор што ги користел своите пари „за црни денови“ за да инвестира во криптовалутата.

„Во едно експанзивно, монетарно опкружување, некој сака дефицитарни средства“, рече Мајкл Сејлор, извршен директор на MicroStrategy Inc. во интервју за „Блумберг“. „Најдефицитарно средство во светот е биткоинот. Ова е дигитално злато“, рече тој.

Сејлор, кој е еден од најжестоките поддржувачи на компаниите што ги претвораат своите пари во биткоини, минатата година рече дека олеснувањето на политиката на инфлација на Федералните резерви му помогнало да ги инвестира резервите на софтверската компанија. Фановите на биткоин се потпираат на достапноста на само 21 милиони биткоини во рамките на постојниот софтвер. Оваа граница се очекува да биде достигната во 2140 година.

MicroStrategy поседува приближно 71.079 биткоини, покажуваат податоците од февруари. Портфолиото се проценува на приближно 3,2 милијарди долари по цената на биткоин од денеска. Криптовалутата во моментов се тргува со пораст на цената од 8,56% во последните 24 часа на 46.761,16 долари.

Сејлор дури издаде 650 милиони долари конвертибилни обврзници за да го финансира купувањето.

„Да купевме злато наместо биткоини, ќе заостаневме за 2 милијарди долари. Би било катастрофа“, рече тој. „Штом луѓето почнат да размислуваат за тоа што сакаат, што е супер-суверено засолниште на средства, тие ќе сфатат дека биткоинот подобро ја извршува работата на златото”, рече тој.

Откако претходно вчера стана јасно за купувањето на Tesla, цената на биткоинот постави уште еден рекорд. Претходно денес, накратко го надмина прагот од 48.000 американски долари.

Поврзани вести

Robinhood го ограничува тргувањето со крипто-средства „поради екстремни услови на пазарот“

Влатко Зорба

Компанија од Дубаи ја прави најголемата Биткоин инвестиција во историјата

Влатко Зорба

Litecoin за кратко стана четвртата по големина криптовалута според пазарната капитализација

Влатко Зорба