СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Треба ли да очекуваме нова корекција на Биткоинот?

Биткоинот во моментов се оддалечува од својот рекорд за време на викендот, додека блокчејн показателите сугерираат дека има промена во моделот на задржување на средствата.

Во неделата, на 14 февруари, цената на Биткоин достигна рекорд од над 49.800 американски долари, но на некои берзи можеби достигнала 50 000 американски долари.

Криптовалутата оттогаш започна со остра корекција, при што цената падна за 7% на нешто повеќе од 46.000 долари за време на раното тргување во Азија во понеделникот.

Следното ниво на поддршка под сегашното е нешто повеќе од 44.000 долари. Извршниот директор на Blocktower Capital, Ари Пол ова го нарече „кратка и незначителна корекција“ и сè уште е убеден дека сме среде „суров биков пазар“.

„Веројатно сега влегуваме во (мислам) кратка и мала корекција, но сè уште сме среде брутален биков пазар кој наскоро ќе биде уште побрутален“, смета тој.

Компанијата за блокчејн анализи, Glassnode, забележува дека претходните бикови пазари се карактеризираат со одредени аспекти како што е продажба на рударите, но овој модел сè уште не е целосно дефиниран во тековниот циклус. Ова може да значи дека има уште простор за раст пред да заврши биковиот пазар.

Претходните бикови пазари на Биткоин се карактеризираат со зголемен одлив на БТК од „копачите“.

„Иако гледаме малку поголем одлив на постар БТК, истиот модел не се појави на сегашниот биков пазар“, истакнаа вчера од Glassnode.

Дан Хелд од в е убеден дека ова може да биде еден од последните големи „супер циклуси“, што може да сугерира дека сè уште не е готово.

„Што се случува кога сопственоста на Биткоин се движи од 0,01% од светот на 1%? Што се случува кога дел од 100 трилиони долари, управувани од институции, се влеваат во Биткоин, за да се зачува богатството? Сигурно нема да оди од 20.000 до 100 000 долари. Може да достигне од 20.000 до 1 милион долари, а потоа да има само помали циклуси. Ова може да биде еден од последните големи циклуси“, вели Хелд.

Корекција на Bitcoin? Еве што треба да знаете

Glassnode, исто така, објави дека има зголемување на краткорочните чувачи во споредба со долгорочните. Последен пат тоа се случи во јули 2017 година, кога се азгоруваше овој циклус на пазарот.

Во секој случај, цената не се движи по права линија и повлекувањето е здрав дел од отворањето на цената.

Поврзани вести

Жители на Шенжен ќе добијат дигитален јуан како дел од лотарија

Влатко Зорба

Сејлор: Илјадници директори на корпорации се заинтересирани за Биткоин

Влатко Зорба

Норвешка централна банка: Биткоинот нема да ги замени парите

Влатко Зорба