СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Овој македонски универзитет соработува со 200 други универзитети во 40 земји и нуди стипендии за сите средношколци

Пазарот на труд е исклучително конкурентен и квалификуваните вработени сѐ повеќе се бараат и ценат. Несомнено, квалитетното универзитетското образование помага да успеете да се издвоите од останатите и да изградите кариера по ваш избор.

Меѓународниот Балкански универзитет, кој е најдобро рангиран во категоријата „настава и учење“ на престижната Шангајска листа, го нуди потребното квалитетно образование за секој студент кој сака да се истакне и да биде најдобар. Универзитетот во својот состав има 7 факултети кои нудат 17 додипломски и 11 постдипломски студии, со оптимално комбинирана практична и теоретска современа наставна програма која е целосно на англиски јазик. Наставата се одвива во современ универзитетски кампус, со современа опрема и сите потребни наставни помагала за ефикасно и ефективно да се пренесе знаењето од страна на стручниот кадар составен од реномирани професори, високо ценети и почитувани во својата област.

МБУ од оваа учебна година воведе нова програма за стипендирање на студенти базирана врз успехот остварен во средното образование. Според неа, ученици кои се прогласени за најдобри во генерацијата, што се докажува со потврда од средното училиште, добиваат целосна стипендија и овие идни студенти ќе бидат целосно ослободени од школарина. Стипендија од 80% ќе важи за оние ученици со среден успех 5.00. За нив школарина ќе изнесува 200 евра по семестар. Учениците со среден успех од 4.50 до 4.99 добиваат стипендија од 70%, односно ќе плаќаат школарина од 300 евра. Стипендија во вредност од 60%, односно школарина од 400 евра по семестар, е предвидена за учениците со среден успех помеѓу 4.00 и 4.49, додека 50% стипендија, односно школарина од 500 евра од семестар, може да добијат учениците со среден успех од 3.00 до 3.99.

За успехот и квалитетот на Универзитетот зборува извонредната бројка од 90% вработени дипломци во првите 6 месеци по завршување на образованието. Ова се должи на постојаната работа и вложување во подобрување на условите, усовршување на програмите и продлабочување на соработката со бизнис и академската заедница. Партнери на универзитетот се преку 100 домашни и меѓународни компании, како и преку 200 други универзитети во 40 земји ширум светот. Универзитетот активно учествува во размена на студенти со универзитетите – партнери преку Еразмус+ и Мевлана програмите за мобилност.

Неодамна, CELTA центарот при Меѓународниот Балкански Универзитет стана овластен центар во Република Северна Македонија од Cambridge Assessment English, дел од Универзитетот во Кембриџ, за сертифицирање предавачи по англиски јазик (ELT) за студенти кои зборуваат други јазици.

Меѓународниот Балкански Универзитет инаку успешно се адаптираше на новонастанатата ситуација со пандемијата на Ковид – 19 и беше првиот универзитет во земјава кој за кратко време успешно ја трансформираше наставата во целосно онлајн учење и предавање преку „online learning hub“. На овој начин беа следени од студентите преку 500 предмети од сите додипломски и постдипломски студии.
При изборот на факултет за вашето високо образование секогаш бирајте долгорочен и сигурен партнер кој нуди квалитетно образование, кој е флексибилен и секогаш ги следи најновите трендови. За повеќе информации околу МБУ, посетете ја нивната веб-страница.

Поврзани вести

Вработените во Google ќе работат од дома до летото 2021 година

msp-admin

Уште една светска валута добива дигитална форма

Влатко Зорба

Петров: Македонија ќе стане нова атрактивна дестинација за дигитални номади

msp-admin