СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Пауел: Создавањето работни места во САД ќе се интензивира во наредните месеци

Менаџерот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел, изрази оптимизам за работните места, повторувајќи дека на земјата и претстои долг пат да помине додека нејзината економија не се опорави од пандемијата на коронавирус.

„Иако ризиците сè уште се присутни, постои добра причина да се очекува создавањето работни места да се зголеми во наредните месеци“, рече Пауел на веб-семинарот, организиран од „Волстрит журнал“ во четвртокот.

Гувернерот на ФЕД изјави дека не смета дека пазарот на трудот ќе се врати на максимална вработеност во 2021 година.

Американската економија погодена од коронавирус покажа јасни знаци на закрепнување претходно оваа година. Продажбата на мало најмногу порасна во јануари во последните седум месеци, додека производството се прошири во февруари со најбрзо темпо во последните три години.

Кон крајот на февруари, Пауел рече дека нема опасност од „прегревање“ на американската економија.

„Нашата политика е поволна затоа што невработеноста е висока, а пазарот на трудот е далеку од максимално вработување“, рече тој пред Комитетот за финансиски услуги на Претставничкиот дом. „Вистина е дека цените на некои средства се високи според некои критериуми“, додаде Пауел.

Американскиот пазар на труд заостанува, а побарувањата за надоместоци за невработеност го одржуваат рекордно високото ниво, достигнато минатата година. Во исто време, бројот на нови работни места порасна за 49.000 во јануари, откако пазарот падна за 227.000 во декември.

Новите податоци за пазарот на трудот ќе бидат објавени во петок (5 март).

Поврзани вести

Убер воведува нови правила за возачите и патниците поради коронавирусот

msp-admin

Германија значително го зголеми увозот на руски гас

Влатко Зорба

Кој најмногу го купува руското злато?

msp-admin