СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Почна продажбата на Huawei Watch GT 2

Новата 46мм верзија на Watch GT на Huawei стана достапна и во Северна Македонија и истата се нуди со два дизајни – целосно црн и класичен со кафеав ремен од еко-кожа. Новиот модел е со силно надградени технички карактеристики и одлики на веќе познатите Huawei Watch GT.

За прв пат во Северна Македонија, Huawei воведе и 42мм женска верзија на Watch GT 2 која може да се најде во исклучително елегантна верзија на „рафинирано злато“ и класична – со еко кожа во топла беж боја. Продажбата на класичната женска верзија ќе започне во декември, по предложена цена од 12.999 денари.

Huawei Watch GT 2 е базиран на првиот специјализиран чипсет на компанијата – Kirin А1. Чипот работи со многу мала потрошувачка на енергија и дава непобедливо траење на батеријата – 2 недели за машкиот и 1 недела за женскиот модел при нормална употреба. Новиот HUAWEI WATCH GT 2 е сигурен партнер во 15 спортови, вклучително и осум на отворено – трчање, одење, качување, планинарење, возење велосипед, пливање на отворено, триатлон и за седум во затворени простории – одење, трчање, возење велосипед, затворено пливање, слободни тренинзи, крос симулатор и машина за веслање. Поддржува сателитски системи GPS и GLONASS, што е гаранција за правилно позиционирање за време на тренингот и правилно мерење на растојанието.

Клучно за паметниот часовник е функцијата HUAWEI TruSeen за точно и ефикасно мерење на срцевата фреквенција. Во комбинација со исклучителниот паметен алгоритам, функцијата го следи отчукувањата на срцето во текот на денот, дури и за време на спиењето и обезбедува вредни предупредувања при откривање на атипични вредности на кои препорачува да се обрне внимание. Часовникот е исто така вреден партнер во следењето на нивото на стрес и квалитетот на спиењето – две работи кои се исклучително важни и за обновување на телото по спорт и напорен работен ден.

Сосема ново за моделот е присуството на вградена меморија за чување и репродукција на музика директно од часовникот, далеку од паметниот телефон. Верзијата од 46мм која е сега е на продажба, има вграден микрофон и звучник и поддржува Bluetooth повик.

И двата модели се со софистициран дизајн на 3D стакло што ги прави и вреден асистент во модерниот животен стил и стилски додаток во различни сценарија – спортски, деловни или при гламурозни забави. Екстремно лесниот механизам за промена на ременот овозможува намена во различни ситуации, при што верзијата од 46мм е исто така компатибилна со претходните отстранливи ремени на часовникот Watch во портокалова и зелена боја.

Поврзани вести

TSMC најави 100 милијарди долари инвестиција во нови капацитети за производство на чипови

Влатко Зорба

Порше не ја сака етикетата „Произведено во Кина“ на луксузните автомобили

Влатко Зорба

Airbnb ќе обезбедува престој за луѓе во криза

msp-admin