СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Поради деловен партнер заразен со коронавирус, „Маркарт“ следната недела го прекинува производството

„Маркарт Македонија како транспарентна и одговорна компанија која максимално ги почитува мерките за здравје и безбедност при работа од самото основање на компанијата, а особено во услови на пандемија каде на прво место е здравјето на вработените би сакала да ја информира јавноста, особено жителите на Општина Велес дека лице вработено во надворешна компанија, деловен партнер на Маркарт, е позитивно на коронавирус. Ова лице не е во директен контакт со вработените на Маркарт Македонија и затоа нема простор за паника“, се вели во соопштението на компанијата.

Менаџментот на Маркарт Македонија и покрај сите спроведени мерки, а со цел целосна превенција и сведување на минимум на можноста за ширење на вирусот, донесе одлука за затварање на фабриката во текот на наредната недела.

„Довербата е основа за секоја соработка. Добивањето нечија доверба често е долг процес, а губењето на истата може да се случи одеднаш. Веруваме дека нашите деловни партнери, вработени, сограѓани се однесуваат одговорно и целосно се во согласност со законот, мерките и препораките. Ние работиме заедно и ги користиме сите наши заеднички сили за да ги одржиме нашите вработени безбедни и здрави“, посочуваат оттаму.

Поврзани вести

Волстрит со голем пад на почетокот на годината

Влатко Зорба

BlackBerry продале патенти на Huawei

Влатко Зорба

Попрво ќе го откажат одморот, одошто да се тестираат и да носат маски

msp-admin