СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Акциите на „Tesla“ поскапеа по 200.000 порачки на Cybertruck

Аналитичарите од Вол Стрит се збунети. По не толку успешната презентација на електричниот пикап „Tesla Cybertruck“, компанијата пријави 200.000 пред нарачки, по што акциите и поскапеа за 4%.

Електричниот пикап од не’рѓосувачки челик со основна цена од 39.000 американски долари првично не воодушеви на Вол Стрит. „Оклопното стакло“ на автомобилот беше скршено за време на презентацијата, што предизвика загриженост дека новиот производ нема да предизвика масовен интерес.

Како и да е, компанијата веднаш започна да прифаќа пред-нарачки, дозволувајќи им на потенцијалните купувачи да си го резервираат пикапот за само 100 американски долари. За споредба, депозитот за резервација на седан Model 3 во 2016 година беше 1.000 долари, потсетува „Ројтерс“.

Вчера извршниот директор на „Tesla“, Елон Маск објави дека бројот на нарачки надминува 200.000. Повторно, за споредба, за првата седмица од преднарачките биле резервирани 325.000 автомобили за седанот Model 3.

Пазарот одговори веднаш на вестите на „Tesla“, а акциите на американската компанија за електрични автомобили пораснаа за 4% во понеделникот.

„Tesla“ планира да ги лансира пикапите до крајот на 2021 година. Сепак, не сите пред нарачки се претвораат во продажби. Некои потенцијални купувачи претпочитаат да се откажат од купувањето и да ги повлечат своите депозити.

Поврзани вести

Ворен Бафет на списокот на најбогати

Влатко Зорба

Тимоние се интересира за учеството на француски компании во проекти во државава

msp-admin

VW смисли име за своето е-возило: Ќе се вика Voltswagen!?

Влатко Зорба