СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Продажбата на велосипеди доживеа бум во Германија

Велосипедот, како превозно средство, доживеа бум во Германија, а особено доминираше пазарот на електрични велосипеди. Причината е стравот на луѓето да не бидат изложени на инфекција со Ковид-19 во јавниот превоз.

Интересно е што производителите ги зголемија приходите за повеќе од 60 проценти и не успеваат да ги достават сите велосипеди на време, објави Дојче веле, додавајќи дека „побарувачката е толку голема што некои производители на поскапи модели не можат навремено да одговорат на побарувачката“.

Во 2020 година се продадени 16,9 проценти повеќе велосипеди отколку во 2019 година, односно вкупно пет милиони, а просечната цена на еден беше дури 1.279 евра. Во тие пет милиони има и 1,95 милиони електрични велосипеди (зголемување за 43 проценти) и 100.000 товарни велосипеди (од кои 78 проценти имаат батерија).

Велосипедската индустрија од сите видови беше вредна 6,44 милијарди евра во претходната година, и не само што се зголеми производството и продажбата во земјата, туку и извозот. Германците, како и другите, претпочитаат да прибегнуваат кон велосипедот како „побезбедно“ превозно средство, отколку во метрото и автобусите.

Покрај тоа, бидејќи скоро ништо не работи во таа земја со месеци (освен основните предмети), нејзините жители минуваа повеќе време во природа, и за таа цел им требаше велосипед. Сепак, не секој го добива потребниот модел. Толпи се создаваат дури и во продавниците за поправки на велосипеди.

На есен, трговците распродадоа скоро сè што имаа, но тие ги надополнуваа магацините во текот на зимата. Она што во моментов им прави проблеми е доцнењето во испораката на суровини од Азија: некои делови за велосипеди пристигнуваат подоцна поради недоволен капацитет за транспорт до европските пристаништа.

Инаку, март е месец кога традиционално се продаваат повеќето велосипеди, но продавачите се загрижени дека не можат да ги отворат своите продавници насекаде, поради заклучувањето.

Поврзани вести

Huawei ја претставува услугата „Врата до врата“ за секој модел и секој клиент низ цела С. Македонија

msp-admin

„Фолксваген“ исплати најголем дел од оштетите по скандалот „дизелгејт“ во Германија

msp-admin

Македонски квалитет 2019 – Арсовска и Пендаровски ги доделија престижните признанија

msp-admin