На првиот ден од годишната конференција за е-трговија која годинава се одржува по трет пат се обрати поранешната министерска за финансии и актуелен претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска, која ги презентираше најновите истражувања за трендот на е-купувањето во државата.
– „Сега повеќе од било кога имаме шанса да го забрзаме патот кон смарт и дигитално опшество кое значи праведно и правично општество, општество кое нуди еднакви шанси и можности за сите, кое овозможува побрз, позелен и одржлив економски развој. Северна Македонија има голем потенцијал за е-трговија, само треба што поскоро да го отклучиме и да ја ставиме дигитализацијата на нашата нација во петта брзина”. посочи Ангеловска во нејзиното поздравно обраќање.
КОВИД-19 влијаел на промената на потрошувачите навики на македонските е-купувачи и 36% од нив го зголемиле обемот на онлајн купување.
По однос на прогресот на е-трговијата остварен од 2017 до 2019 година, Ангеловска вели дека имаме предуслови за побрз развој на е-трговијата, а сепак се движиме со далеку послабо темпо од останатите земји. Во 2019 година, 36% од населението со интернет пристап направило онлајн нарачка, наспроти 20% во 2017 година. Просекот во европските земји изнесува 71%.
– „Вредноста на онлајн трансакциите кои Македонците ги направиле кон домашни е-трговци во вториот квартал 2020 бележи раст од 177%. Позитивно е што структурата се менува и повеќе купувања/плаќања се прават кон дома.“ – додава поранешната министерка.
Kaj 66% од анкетираните е-трговци продажбата на физички локации се намалиле, додека онлајн се зголемила, додека 29% забележалале раст и на онлајн и на офлајн продажбите. Најголем предизвик за е-трговците е ниското ниво на дигитални вештини на населението, а потоа наоѓањето на квалификуван кадар. COVID-19 влиаел на промена на навиките на е-купувачите, од анкетираните 2.800 испитаници, 37% значително повеќе купуваат онлајн, близу 20% за прв пат почнале да плаќаат сметки онлајн и да користат владини е-услуги. Пониската цена има најголемо влијание на одлуката за онлајн купување.
– „Иако останува неизвесно колку ефектите од овој „принуден раст“ ќе бидат долготрајни, позитивно е што дури 76% рекле дека ќе продолжат да купуваат со ист обем и по COVID-19.” – објасни Ангеловска.
Во спроведените прашалници посветен е и дел на нарачките преку социјални медиуми, како еден од главните канали за сива економија во е-трговија.
Како што објаснува Ангеловска, речиси половина од анкетираните (47%) се изјасниле дека прават нарачки преку социјални медиуми при што 48% од нив никогаш не добиваат фискална сметка. Иако најголем дел од нив се запознаени со ризиците дека не се заштитени како потрошувачи, како и дека се учесници во сивата економија тие велат дека ги прифаќаат ризиците и го прават тоа затоа што им е позгодно и полесно.
Од 40% од e-трговците кои кажале дека примаат вакви нарачки, 37% од нив стравуваат дека ќе ја изгубат потенцијалната продажба ако не ги прифаќаат нарачките директно преку пораки.