СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Се затвораат скоро 100 продавници на Pull&Bear, Bershka и Stradivarius

Најголемата модна компанија во светот, шпански Inditex, одлучи да затвори скоро 100 продавници на еден од водечките потрошувачки пазари во светот и повеќе да се фокусира на трговија преку Интернет.

Сопственикот на марката Zara ќе преземе вакви чекори со своите физички објекти на брендовите Pull&Bear, Bershka и Stradivarius во Кина. Целта на компанијата е така да може да се фокусира на помладите потрошувачи и нивните менувачки навики за купување, пишува весникот „Економист“.

Според информациите, вкупно 93 продавници на компанијата ќе бидат затворени. 37 од нив се од марката Pull&Bear, 34 – од Bershka и 22 од Stradivarius.

Покрај фокусот на трговијата преку Интернет, Inditex планира да тестира и други опции за тргување, како што се купувања во живо и програми за шопинг на платформата WeChat.

Во летото минатата година, претседателот на модниот гигант Пабло Исла презентираше план за развој на бизнисот за годините 2020-2022 година. Потоа посочи дека компанијата значително ќе го прошири своето дигитално присуство, планирајќи да инвестира 1 милијарда евра за оваа намена.

Планот предвидува уште 25% од набавките на брендовите на групацијата да бидат онлајн во 2022 година, со учество од околу 14% во 2019 година.

Поврзани вести

Новите податоци охрабруваат: Економијата на ЕУ закрепнува побрзо отколку што се очекуваше

Влатко Зорба

„BioNTech“: Застојот на ЕУ во набавката на вакцините е изненадувачки

Влатко Зорба

Лашет: „Северен тек 2“ не треба да се откажува поради Навални

Влатко Зорба