СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Петмина руски богаташи го зголемија своето богатство за 27 милијарди долари за една година

Пет руски магнати со инвестиции во гас, нафта и метали ја завршија 2019 година со најголем раст на личното богатство, пренесува „Форбс Русија“.

Вкупно, петорицата имаат собрано нови 26,9 милијарди долари и се меѓу 6-те најбогати во земјата.

На прво место е Владимир Потанин, кој оствари богатство од 7,8 милијарди долари. Тој е шестиот најбогат Русин со лично богатство од 23,8 милијарди долари. Една третина од растот се должи делумно на неговиот удел од 30 отсто во најголемиот светски производител на никел и паладиум – Norilsk Nickel.

На второ место е Леонид Микелсон, најбогатиот по официјални податоци Русин, со 27 милијарди долари состојба. Тој е акционер во производителот на гас Novatek и во Sibur – најголемата руска петрохемиска компанија. Тој заработил нови 5,9 милијарди долари.

Вагит Алекперов го зголеми своето богатство за 5,3 милијарди долари на вкупно 23,8 милијарди долари. Тој е директор на вториот по големина производител на нафта во земјата – Lukoil.

Богатството на Генадиј Тимченко расте за 4,1 милијарди долари, на вкупно 22,7 милијарди долари. Акционер е во Novatek, Sibur и градежната компанија Stroytransgaz.

Алексеј Мордашов го зазема петтото место. Четвртиот најбогат Русин веќе поседува 20,2 милијарди американски долари откако ја зголеми својата состојба за 3,8 милијарди американски долари во 2019 година. Голем дел доаѓа од производителот на челик Severstal. Тој, исто така, ги зголеми своите удели во европскиот тур-оператор TUI и рускиот ланец на супермаркети Lenta.

Поврзани вести

Банка на Америка: Кина ќе ги надмине САД и ќе стане најголемата економија на светот во 2028 година

Влатко Зорба

Донација на OKTA од 50.000 евра за Министерството за здравство

msp-admin

Акциите на „Тесла“ со голем раст по информациите за рекордните испораки

Влатко Зорба