СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

За 7 години претворил заем од 2.000 долари во бизнис вреден 90 милиони

Идејата на Чејс Фишер за мултимилионски бизнис е родена во ноќен клуб во Сан Диего во 2011 година.

Фишер, кој неодамна дипломираше на Државниот универзитет во Сан Диего, бил изненаден од тоа колку луѓе му честитале на ефтините, неонско зелени очила за сонце што ги носел како додаток и го прашувале од каде ги купил, изјави тој за Си-Ен-Би-Си.

Оттаму се роди идејата за бизнис што моментално се проценува на 90 милиони долари – Blenders Eyewear.

Реакцијата на луѓето на ефтините очила го тера Фишер да сфати дека постои неразвиен пазар за стилски очила за сонце кои не се толку скапи како оние на реномираните брендови.

Фишер позајмил 2.000 американски долари од неговиот цимер и ја основал Blenders Eyewear (именувана по Hornblend, улицата каде што живее). Фишер производот го започнал да го продава од ранец на плажа, каде работел како инструктор за сурфање.

Во првите три години по основањето, компанијата остварила приход од над 1 милион американски долари. Во декември 2019 година, Blenders е проценета на 90 милиони долари откако италијанската компанија „Safilo Group“ објави дека ќе купи 70% од компанијата.

Како да започнете бизнис со заем од 2.000 американски долари?

„Бев инструктор за сурфање. Поминував девет часа на плажа и ги гледав луѓето и скапите очила, што ги носеа “, рече Фишер, сега 32 годишен. Очилата за сонце ги купил од ланецот продавници „Тarget“ затоа што „не можел да си дозволи очила што ги посакувал“, како Gucci, Oakley или Ray-Ban, чиј пар може да чини стотици долари.

„Немаше конкурент или бренд што е во средина и нуди кул, удобни и квалитетни очила за сонце по прифатлива цена“, вели тој. Затоа, Фишер реши да започне да создава еден.

Идејата за започнување на сопствен бизнис го мотивирало Фишер, кој секогаш имал проблеми на училиште затоа што страдал од дислексија. „Во најмрачните времиња и кога сте на дното, можете да создадете можност“, вели тој.

Така, во 2011 година, Фишер ја основа Blenders заедно со неговиот сосед Блејк Џенсен, графички дизајнер. Џенсен создаде неколку примероци очила за сонце и двајцата ги споделија на Facebook за да побараат повратни информации.

„Јас вложив многу напор да ги привлечам фановите во оваа група на Facebook со поканување на сите мои роднини и пријатели”, рече Фишер за првото присуство на компанијата на социјалните мрежи. Групата доби 1.500 следбеници за неколку месеци. „Пред да се свестиме, собравме стотици лајкови, и многу луѓе ни честитаа за дизајнот на очилата“.

Позитивните реакции ја засилија идејата на Фишер и му дадоа доверба да позајми 2.000 американски долари од неговиот цимер со ветување дека ќе го врати заемот со камата од 25% во рок од шест месеци.

Осум месеци Фишер се обидувал да ги претвори очилата што ги дизајнираше во вистински производ. Тој истражувал преку Интернет и пребарувал по Google за работи како „како да најдеш производител“ и совети за тоа како да преговараш.

Откако пронашол производител, неговата прва нарачка била за 300 пара очила за сонце, што го чинело 2.000 долари. Очилата имала црна рамка, црвени детали и логото на компанијата.

„Продадов само 10 пара очила за сонце“

Во 2012 година, Фишер започна да ги продава Blenders за прв пат. Тој изнајмува штанд на саем за претприемачи во Сан Диего, поставувајќи им цена од околу 20 американски долари за пар.

Надевајќи се дека ќе продаде сè, Фишер е крајно разочаран што продал само 10 пара, што го опиша како „најпонижувачко искуство“. Клиентите на саемот барале различни видови рамки и посвежи бои.

„Кога имаш 22 години и штотуку си дипломирал, имаш став дека ќе го освоиш светот и сè што правиш ќе се претвори во злато и ќе биде лесно“, рече тој. „Секако, тогаш паѓаш на лице“.

Фишер за малку ќе се откажел, но потоа добил совет што го натерало да продолжи. Некој му вели дека единствениот начин да не успее, е да застане.

По нов наплив на мотивација, Фишер создава брендирани стикери што ги лепел на улиците за да ги рекламира. Очилата ги продава за 20 долари на забави, концерти, фестивали или на плажа додека одржува часови по сурфање.

Во меѓувреме, тој успева да оствари контакти со популарни диџеи и локални музичари кои носат очила Blenders бесплатно додека ја изведуваат својата музика.

Сепак, за да може неговата компанија да работи, неговата плата секогаш е последна.
„Ми требаа две години да си платам 1.000 долари“, рече Фишер, кој продолжува да работи како инструктор по сурфање за да ги плати своите сметки.

Сепак, до летото 2012 година, на Фишер му снемува пари. Затоа прибегнува кон групно финансирање.

„Не знаевме ништо за инвеститорите и тоа беше нов нов начин да собереме пари“, вели Фишер. Така, заедно со Џенсен започнале 30-дневна кампања на страницата „в“, каде што нудат „свежи, поларизирани, дизајнерски очила за сонце“.

На крајот од кампањата, Blenders собра 7.000 долари од скоро 200 луѓе.

„Во тоа време, тоа беше најголемата сума пари што некогаш сум ја видел. Се чинеше како да имам 1 милион долари. Се чувствував како да добив џекпот“, рече Фишер, кој ги користи парите за да направи повеќе очила во различни бои.

Големиот успех во социјалните медиуми

Продажбата на Blenders растеше бавно, а до крајот на 2012 година компанијата генерираше приход од околу 8.000 долари.

Во 2013 година, Фишер започна да експериментира со користење на Инстаграм за рекламирање, додека комуницираше со клиенти и се поврзуваше со инфлуенсери кои поставуваа фотографии со очила Blenders во замена за бесплатен пар.

Фишер успеа да објави фотографии од познати диџеи, како што се Морган Пејџ и Седрик Жерве, на кои тие носеа очила Blenders.

Познати музичари, како Снуп Дог, носат очила на концерти и разни настани. Спортистите, како сурферот Лејки Петерсон, ги носеа за време на натпреварите.

„Привлековме многу следбеници и многу внимание на производот“, вели Фишер. Нивните следбеници пораснаа од неколку илјади на неколку стотици илјади за неколку месеци (Blenders моментално има 484 000 следбеници на Инстаграм) и продажбата расте.

Во 2013 година, Блендерс оствари шестцифрен приход што веќе надмина 1 милион американски долари во 2015 година, откако Фишер додаде скијачки очила во производната линија.

И покрај ова големо достигнување, Фишер вели дека никогаш не го свртел вниманието од „одржување на бизнисот во добра форма и профитабилен“.

„Немаше големо славење. Наместо тоа, си рековме: „Добро, минавме продажба од 1 милион долари. Сега да дојдеме до 5 милиони“, вели Фишер.

Во декември 2019 година, Blenders беа проценети на 90 милиони долари откако Safilo Group објави дека ќе купи 70% од компанијата, а Фишер ќе остане извршен директор и ќе се фокусира на производство и дистрибуција на производи.

Во 2019 година, Blenders оствари приход од скоро 41 милиони долари.

Поврзани вести

Бившата на Безос ќе донира 4,2 милијарди долари

msp-admin

Една унца злато за две години ќе „тежи“ 3.500 долари

msp-admin

Приходи од скоро 5 милијарди долари за 5 години постоење: Бизнисот на Airbnb во бројки

Влатко Зорба