Huawei успеа да ја зголеми продажбата на смартфони и покрај санкциите на САД. Но, сега компанијата има тежок период, бидејќи не може да понуди нови паметни телефони со услугите на Google, забележува IT Home.
Кинескиот производител е принуден да ја ограничи својата активност на меѓународниот пазар со повторно активирање на истите уреди под различни имиња и со мали козметички промени. Продажбата на производи од висока класа очигледно ќе биде помала, отколку што би можеле да бидат.
Сепак, компанијата не е очајна. Нејзината платформа Huawei Mobile Services сега има скоро 50,000 апликации и во оваа фаза на развој на платформата, може да се смета за големо достигнување.
Рен Женфеи, шеф на компанијата, изјави дека компанијата има „многу амбициозен план Б“, доколку не се врати соработката со Google. Тој не прецизира кој е планот, но судејќи според контекстот, менаџерот очигледно ги има во предвид сопствениот оперативен систем и платформата за мобилни услуги Huawei.
Според Женфеи, кој во последно време често дава изјави за медиумите, Huawei може да изгради сопствен глобален екосистем во рок од две до три години.