СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Сопственикот на „Louis Vuitton“ е новиот најбогат човек на светот

Оваа недела првото место на „Форбс“ листата на најбогати луѓе во светот го зазеде Бернард Арно, француски бизнисмен кој е сопственик на корпорацијата Louis Vuitton Moet Hennessi. Неговото богатство беше проценето на 186,3 милијарди долари овој понеделник.

Со оваа вртоглава бројка од нето вредност, Арно е 300 милиони долари побогат од Џеф Безос. Следен на списокот е Елон Маск, кој „вреди“ 147,3 милијарди долари.

Богатството на Арн скокна за 76 милијарди долари во март 2020 година на 186,3 американски долари овој понеделник, огромно зголемување, над 110 милијарди долари во последните 14 месеци, благодарение на пандемијата која пркосеше на перформансите на неговата луксузна групација LVMH (Louis Vuitton Moet Hennessi). LVMH, која поседува и луксузни модни брендови како Dior, Fendi и Givenchy

Европскиот пазар на луксузни брендови доживеа избезумен пораст за време на пандемијата на коронавирусот. „Туркани“ од клиентите во Кина, LVMH забележаа приход од 17 милијарди долари за првиот квартал на 2021 година, што е за 32% повеќе во споредба со истиот период во 2020 година.

Ги смени Американците од врвот

Со текот на годините, на самиот врв на списокот на милијардери на Форбс доминираа Американци. Местото број еден го заземаа американските граѓани Безос, Маск, Гејтс и Бафет скоро две децении, додека само Мексиканецот Карлос Слим ја попречуваше нивната доминација.

Арно дебитираше меѓу првите 10 најбогати луѓе на листата на Форбс во средината на 2005 година, со богатство од 13 милијарди долари. Арно е во првите пет од 2018 година, а минатата година беше 11-ти.

Тој стана третата најбогата личност во 2019 година, со богатство од 76 милијарди долари. Тој дури го престигна Безос за кратко и стана најбогатата личност на светот.

Од почетокот на пандемијата, нето-вредноста на најбогатите луѓе во светот варира многу, а на многумина скокна за милијарди. Елон Маск за кратко стана најбогатата личност на светот во јануари 2021 година, кога неговата нето вредност достигна 189,7 милијарди долари. Тоа претставуваше неверојатен раст од 165 милијарди долари од март 2020 година, кога вредеше „само“ 24,6 милијарди долари.

Поврзани вести

Најниска цена како критериум за јавните набавки е проблем за компаниите

msp-admin

„Државни патишта“: Нема навестувања за црни сценарија и отпуштање на градежните работници

msp-admin

Горивата поскапуваат од полноќ

msp-admin