СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Суецкиот канал ослободен, „EverGiven“ повторно плови благодарение на плимата

Товарниот брод „EverGiven“, кој беше заглавен во Суецкиот канал од вторникот, блокирајќи ја оваа важна поморска рута меѓу Европа и Азија, беше одзаглавен во понеделникот наутро. Акцијата за ослободување на џиновскиот брод успеа благодарение на плимата што ја донесе полната месечина, на која спасувачите се надеваа претходните денови.

Во текот на денот, акцијата за извлекување на бродот од Суецкиот канал ќе продолжи, по што ќе продолжи пловењето на бродовите помеѓу Црвеното Море и Медитеранот. Египетските власти потврдија дека Каналот денес повторно ќе биде пловен, пренесува Си-Ен-Ен.

Ништо помалку од 369 бродови чекаат транзит низ каналот, меѓу кои има и бродови со контејнери, цистерни за нафта и бензин, а штетата од неколкудневното доцнење се проценува на десетици милијарди долари.

Да потсетиме, бродот патуваше од Кина до Ротердам кога се насука на левиот брег на каналот Суец поради невреме и слаба видливост.

Суецкиот канал е отворен во 1869 година и е долг 193,3 километри. Каналот е широк од 61 до 91 метар. Околу 12 проценти од светскиот обем на трговија поминува низ Суецкиот канал, кој е главен воден пат меѓу Европа и Азија, како и 30 проценти од вкупната стока за контејнери.

Поврзани вести

Половина килограм za 10.000 долари: Компаниите за 3Д месо се оптимисти, но дали клиентите ќе плаќаат за тоа?

Влатко Зорба

Романската економија ги засенува останатите во ЕУ (инфографик)

Влатко Зорба

Кина ги надмина САД во уште една област: Земјата добила најмногу странски директни инвестиции

Влатко Зорба