СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Светот се оддалечува од сценариото за нова Студена војна“

Новиот азиски договор за слободна трговија „РЦЕП“ ја менува светската трговска мапа. Дали е за добро или за лошо, сè уште не е јасно. Марион Јансен, шеф на трговскиот оддел на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), се надева дека Европската унија ќе преземе акција и заедно со демократиите на Далечниот исток – Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд – ќе спречат светот да се подели на два блока на моќ – околу САД и околу Кина.

„Се оддалечуваме од сценариото за нова Студена војна“, рече Јансен во интервју за германскиот економски дневен весник „Ханделсблат“.

А зошто се оддалечуваме од можноста за војна? Од една страна, се очекува Соединетите држави да имаат нов претседател кој не е толку воинствен. Од друга страна, според Јансен, со новиот договор, Пекинг покажува јасни знаци на отстапки.

„Договорот покажува дека Кина е целосно подготвена да направи отстапки. На пример, земјата за прв пат прифати дека податоци може да протекуваат од Кина. И второ, навистина се оддалечуваме од сценариото за нова „Студена војна“. Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд јасно ставија до знаење дека не сакаат светот да се подели на два блока.

Може да има опасност доколку реториката за скратување на синџирите на вредности што сега постојат во САД и ЕУ добива на интензитет, и ако Азија следи регионална стратегија.

Ако, пак, работите се влошат и Европа остане неактивна, договорот исто така може да го зајакне трендот кон трите регионални трговски блока, ЕУ, САД и Кина-Азија.

„Големото прашање тогаш би било на кој блок ќе припаѓа Африка“, рече Јансен.

Поврзани вести

Бонтон за видео конференција од дома

msp-admin

„Амазон“ отвора фризерски салон во Лондон

Влатко Зорба

Германија значително го зголеми увозот на руски гас

Влатко Зорба