СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Tesla Model 3 за 2021 година носи поголема автономија по полнење

Tesla на својата веб-страница понуди нови конфигуратори за Model 3 (2021) и Model Y, кои овозможуваат значително подобрување во однос на истите модели што веќе се користат. Long Range Model 3 сега носи автономија од 568 км, што е подобрување за 48 км во споредба со моделот 2020 година.

Стандардниот модел Range Plus има домет од 423 км (наместо 402 км), додека верзијата Performance сега може да помине 506 км (наместо 481 км). Се разбира, станува збор за декларирани brojki во идеални услови на експлоатација.

Забрзувањето е исто така подобрено кај сите модели. Model 3 Performance сега, од 0 до 100 км, крева за 3,1 секунди, десетина побрзо од порано. Направени се некои козметички промени во дизајнот, пред се на тркалата. Воланот сега има метална завршница (со опција за греење), прозорци изработени од две стаклени плочи, автоматско затемнување на ретровизорот

Model Y Long Range Dual Motor сега може да помине 523 км (наместо 508 км), додека моделот Performance има автономија од 487 км (наместо 468 км).

Овие подобрувања беа резултат на поефикасна потрошувачка, но и на батеријата од 75 kWh кај Model 3, која е најсилна во својата класа.

Поврзани вести

Околу 305 илјади граѓани користат Домашна платежна картичка

msp-admin

Словенечкиот план за закрепнување и отпорност пристигна во Брисел

Oд сопственикот на „Евер Гивен“ бараат 916 милиони долари за блокирање на Суецкиот канал

Влатко Зорба