СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Тошиба“ доби понуда за преземање вредна 18 милијарди долари

Тргувањето со акциите на „Тошиба“ беше прекинато денес откако овој технолошки конгломерат со седиште во Токио потврди дека добил прелиминарна понуда за преземање.

Јапонскиот деловен весник „Никеи“ објави дека инвестицискиот фонд „ЦВЦ Капитал Партнерс“, со седиште во Луксембург, е заинтересиран да ја преземе јапонската компанија за два трилиони јени (18 милијарди долари), пренесе агенцијата „АП“.

Од корпорацијата „Тошиба“ соопштија дека побарале повеќе детали за понудата што ја добиле во вторникот, за да може „внимателно да се разгледа“ и да се објави „во догледно време“.

„ЦВЦ“ е меѓународна компанија за приватни акции и заеми која управува со средства на повеќе од 300 инвеститори во вредност од скоро 162 милијарди долари.

„ЦВЦ“ одби да ги коментира информациите од весникот „Никеи“.

Поврзани вести

Цените на нафтата достигнаа највисоки нивоа во последната година

Влатко Зорба

Маск става клуч на фабриката во Калифорнија

msp-admin

Волстрит брише 3 кинески компании, Пекинг се заканува со одмазда

Влатко Зорба