Веднаш штом бизнисот со „летачки такси“ започна да се развива, „Uber“ го продаде на стартапот од Калифорнија, „Joby Aviation“, кој се занимава со производство на мали авиони со вертикално летање.
Дивизијата „Uber Elevate“ можеше да биде затворена, во обид да се ослободи гигантот од „непотребните“ оптоварувања во оваа криза, но наместо тоа, реши некој друг да ја преземе и да ја опорави.
Ова значи дека споменатиот стартап, за кој сега засега малку се знае, ќе може да ја користи апликацијата на Uber за да понуди превоз со „воздушно такси“, кога ќе се воспостават овие средства за превоз, што може да биде дури во 2023 година.
Иако условите за трансакцијата не се објавени, Uber се согласи да инвестира 75 милиони долари во Joby Aviation. На почетокот на оваа година, гигантот инвестираше 50 милиони долари во истата фирма, како дел од рундата за финансирање на компанијата Series C. Компанијата со седиште во Сан Франциско вели дека верува во бизнисот на стартапот.
Оваа криза негативно се одрази на Uber, кој упорно се обидува да „застане на нозе“. Трансакцијата се случи само еден ден откако калифорниската компанија го продаде својот оддел за автономно возење, Advanced Technologies Group, на стартапот Aurora.
На овој начин, Uber, според пресметката, ќе заштеди стотици милиони долари, што инаку би требало да ги инвестира во следните неколку години – за развој на овие бизниси, т.е. дивизии.