СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

VW ќе го трансформира овој е-ѕвер од концепт во масовно производство за само 2 години

Volkswagen ги објави првите слики од новиот и седмиот по ред концептуален развој од електричното семејство ID, што ќе биде откриено на меѓународниот саем во Лос Анџелес на 19 ноември.

Германскиот гигант тврди дека новиот концепт ID. SPACE VIZZION, ја демонстрира кросовер мобилноста на иднината, комбинирајќи ги во едно купеаеродинамичките линии на Gran Turismo и омилените во последните неколку години SUV автомобили. VW сака да го претвори автомобилот во пионер на еден нов нов сегмент на пазарот.

ID. SPACE VIZZION ќе дебитира со футуристички дизајн на ентериер, батерија од 111 kWh и автономија до 480 километри.

Сериската верзија на ID ќе видиме кон крајот на 2021 година, со разновидни опции за Северна Америка, Европа и Кина.

Поврзани вести

Платите во Германија на удар на пандемија во 2020 година

Влатко Зорба

Кино салите повторно „вртат“ милиони

msp-admin

Apple почна да плаќа даноци во БиХ

Влатко Зорба