15.8 C
Скопје
19 септември, 2026
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Walmart се придружи на Microsoft во лов на TikTok

Американскиот гигант за малопродажба Walmart стана партнер на Microsoft во обид да го купи Ticktok, објави CNN. Имено, популарната платформа за снимање и споделување на видео содржини се обидува да најде купувач во Соединетите држави заради затегнатите политички односи.

Малопродажниот гигант изјави за CNN дека учествува со Microsoft во преговори за евентуално преземање.

Walmart наведува дека неговиот интерес за TikTok потекнува од начинот на којшто апликацијата ја интегрирала е-трговија и можности за рекламирање на други пазари, така што тој верува дека тоа би го подобрило неговиот пристап до потрошувачите.

“Веруваме дека нашата потенцијална врска со TikTokво Соединетите држави, во партнерство со Microsoft, би можела да ни донесе клучна функционалност и да му обезбеди на Walmart значаен начин за пристап и да им служи на потрошувачите како мулти-канал, како и да го прошириме нашиот бизнис за рекламирање”, се вели во соопштението на Walmart.

Поврзани вести

Што нè учи Маск за неуспехот, во време кога успехот е сè?

msp-admin

Месец на хуманост со „Cooking with Branko“ и Витаминка

msp-admin

Неуспехот на Трамп: Трговската војна со Кина ги чинеше САД 245.000 работни места

Влатко Зорба