СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Xiaomi потврди дека сака да произведува електрични возила

Кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi во вторникот објави дека ќе инвестира 10 милијарди долари во бизнис со нови паметни електрични возила (ЕВ) во следните 10 години.

Компанијата првично ќе инвестира 10 милијарди јуани (1,52 милијарди долари) во подружница на која ќе биде единствен сопственик, со целна инвестиција од 10 милијарди долари во следните 10 години.

Извршниот директор на Xiaomi, Леи Јун, исто така, ќе биде извршен директор на бизнисот со „паметни“ електрични возила, додаваат од компанијата.

Преминувањето на компанијата во секторот за производство на електрични возила е поврзано со слични потези на други технолошки гиганти, во Кина и во странство, забележува Ројтерс.

Во јануари, кинескиот софтверски гигант Baidu објави дека ќе го развие својот бизнис со електрични возила преку партнерство со домашниот производител на автомобили Geely Automobile Holdings.

Кинескиот производител на паметни телефони Huawei Technologies, наводно, исто така разговара со државниот производител на автомобили Changan Automobile и други компании за производство на електрични возила.

Медиумите објавија дека Apple веќе подолго време планира да влезе на пазарот на електрични возила, забележува Ројтерс.

Поврзани вести

Презентирана дигиталната платформа „Македонски Туристички Водич“

msp-admin

Доцнењето на вакцинацијата може да ја чини Европа 100 милијарди евра

Влатко Зорба

Поранешни работници на Твитер обвинети за шпионирање на Саудиска Арабија

msp-admin