СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Xiaomi го претстави Mi Mix Fold (ВИДЕО)

Xiaomi продолжува со премиерите на производи, а денес централното место му е доверено на Mi Mix Fold – смартфонот со екран што се преклопува, за кој долго се шпекулираше. Уредот нуди 8.01-инчен 4:3 AMOLED дисплеј со резолуција од 2480 x 1860 пиксели, кој прикажува над 1 милијарда бои, нуди осветленост од 600 нити и поддржува HDR10 + и Dolby Vision. Mоделот е опремен и со четири звучници со технологија на Harman Kardon.

Компанијата тврди дека механизмот за преклопување е тестиран 1 милион пати. Надвор има втор дисплеј од 6,52-инчи, резолуција 2520 x 840 пиксели, врвна осветленост 900 нити и освежување на 90Hz. Уредот работи со чипсет Snapdragon 888 и вклучува посебен систем за ладење во двата дела на куќиштето. Батеријата има капацитет од 5020 mAh и поддржува полнење од 67 вати слично на другите нови модели од серијата Mi 11.

Главната камера е тројна и вклучува главен сензор од 108MP, 13MP со ултрашироко аголна леќа и 8MP со 3x оптички зум. Телефонот може да фотографира и макро фотографии од 8MP. Телефото-камерата исто така вклучува иновативна течна леќа, која овозможува побрз автофокус и обезбедува телефото и макро можности. Селфи камерата е 20MP.

Смартфонот вклучува и сопствен Surge C1 чип, кој го подобрува автофокусот, експозицијата и балансот на белата боја, па затоа треба да обезбеди подобри фотографии. Компанијата соопшти дека неговиот развој траел две години и вклучува инвестиција од 140 милиони јуани. Телефонот нуди и страничен монтиран сензор за отпечатоци, а поддржува и 5G.

Паметниот телефон ќе биде достапен во стандардно издание со заден дел Gorilla Glass 5 со керамичка текстура, како и специјално керамичко издание со златна рамка и копчиња и керамички заден дел со ласерско гравирање.

Што се однесува до цената, Xiaomi Mi Mix Fold ќе биде достапен од 16 април со 12 GB + 256 GB, 12GB + 512 GB и 16 GB + 512 GB меморија по цена од 9999, 10.999 и 12999 јуани, соодветно (1.297, 1.427 и 1.686 евра).

Засега е непознато дали ќе се продава надвор од Кина.

Поврзани вести

Градот Хвар го суспендира воведувањето на 5G технологија

msp-admin

Познати карактеристиките на првиот 5G таблет на Samsung

msp-admin

Историјата на пребарување може да го открие вашиот идентитет

msp-admin