СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Зара, Х & М и Страдивариус затвораат илјадници продавници ширум светот

После 20 години владеење и огромен профит, таканаречената „брза мода“ претрпува огромни загуби и производителите како што се шведскиот гигант H&M, шпанските „Зара“, „Страдивариус“, затвораат илјадници продавници ширум светот, а без работа остануваат многу луѓе, пишува дневниот весник „Хафингтон пост“.

Според проценките на весникот „The Business Fashion“, глобалната индустрија за мода, облека и чевли ќе има помеѓу 25 и 30 проценти загуби како резултат на пандемијата и кризата.

„Ковид-19 само ги откри проблемите со производството на брза облека, што не оди добро подолго време“, рече Данило Вентури, директор на Меѓународниот институт за моден дизајн и маркетинг „Полимода“ за Хафингтон пост.

Модниот гигант „Зара“ најави дека ќе затвори 1.200 продавници ширум светот, но дека нивниот долгорочен план е да преминат на интернет-продажба.

Поврзани вести

Европска експанзија на кулите на Vodafone, се зголемува побарувачката за 5G

Влатко Зорба

„Крофна економија“ станува реалност за многумина

Влатко Зорба

Heineken отпушта 8.000 вработени во Европа

Влатко Зорба