СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Zara затвора над 1.000 продавници

Шпанската модна куќа Zara ќе затвори дури 1.200 продавници ширум светот. Сопственикот на трговскиот ланец, Амансио Ортега ќе се обиде да ја зголеми онлајн продажбата по хаосот којшто го предизвика пандемијата со коронавирус.

Групацијата Inditex планира да затвори помеѓу 1.000 и 1.200 главно мали продавници.

Шпанската групација Inditex, освен Zara, ги поседува и брендовите Bershkа, Pull & Bear и Massimo Dutti.

Затворањето на продавниците најмногу се очекува во Азија и Европа. Guardian пишува дека ширум Велика Британија може да се затворат 107 продавници.

Од компанијата велат дека бројот на вработени ќе остане стабилен, а на вработените е понудена друга работа во компанијата како подготовка на роба за онлајн продажба.

Вкупниот број на продавници ќе се намали од 7.412 помеѓу 6.700 и 6.900 по реорганизација.

Поврзани вести

Продолжува трендот на раст на невработеноста во Хрватска

Влатко Зорба

Битиќи: Владата ќе го најде најдоброто решение за етничкото вработување

msp-admin

Партнер на Apple потпиша договор за соработка со кинески стартап за електрични автомобили

Влатко Зорба