СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Биткоин далеку од рекордот, но вредноста повторно расте

Вредноста на биткоинот се зголеми за скоро 3 проценти во последните 24 часа, така што во моментов се тргува со најстарата и најпопуларна криптовалута по цена од околу 56.130 долари.

Во претходните денови, вредноста на биткоинот падна за повеќе од 10%, откако инвеститорите почнаа да покажуваат знаци на нервоза и желба да остварат профит со продажба на дигиталните монети што е можно поскоро.

Така, цената на биткоинот вчера беше претежно под 55.000 долари, за да започне да расте попладне.

Да потсетиме, највисоката историска вредност на биткоинот беше 61.500 долари, а од почетокот на 2021 година криптовалутата зајакна за 80 проценти, додека во последната година нејзината цена се зголеми за 570 проценти.

Пазарната капитализација на најстарата криптовалута „се врти“ околу трилион (1.000 милијарди) долари.

Поврзани вести

Кое DeFi средство го купуваат крипто-китовите?

Влатко Зорба

Корекцијата изгледа неизбежна за Биткоин – еве зошто!

Влатко Зорба

Нуди 72 милиони долари за да најде фрлен хард диск со 7.500 Bitcoin

Влатко Зорба