СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Биткоинот се искачи на 54.000 долари, се повеќе пари се вложуваат во криптовалути

Биткоинот се искачи на 54.000 долари и достигна највисоко ниво во последниве две недели, потпомогнат од повеќе знаци на институционален интерес за најголемата криптовалута.

Вредноста на дигиталниот токен се зголеми за 6,87% на 54,230 долари во 6:50 часот по македонско време, покажуваат податоците на „Coindesk“. Етереум исто така се искачи, продолжувајќи го дводневното рели на Bloomberg Galaxy Crypto Index до околу 13%.

„Биковите чувства за биткоин и етер се враќаат, бидејќи се повеќе и повеќе големи пари продолжуваат да се влеваат во криптовалути. Институционалниот интерес сè уште изгледа силен“, рече Едвард Моја, виш пазарен аналитичар во Oanda, цитиран од „Блумберг“.

Групата „Goldman Sachs“ неодамна соопшти дека гледа значителна побарувачка од институциите додека работи на рестартирање на својата канцеларија за трговија со криптовалути.

Биткоинот и етерот постигнаа зачудувачки раст во текот на изминатата година. Блумберг график

Ова го карактеризира тековниот тренд на пораст на биткоинот како различен од балонот од 2017 година, според „Goldman Sachs“. За скептиците, криптовалутата е одличен пример за шпекулации предизвикани од огромни стимулации, кои можат брзо да се намалат откако ќе се затегнат финансиските услови.

Биткоинот е во „силна позиција“ да достигне 75.000 американски долари, напиша стратегот на „Evercore ISI“, Рич Рос во белешка. Криптовалутата се зголеми за скоро 600% во последната година. Етер, вториот по големина токен, исто така минува низ рели среде можноста за намалено снабдување и континуирана надградба на поврзаниот со него блокчејн.

Во понеделникот, NYDIG, снабдувач на услуги за тргување со биткоин до институции, рече дека осигурителните компании имаат повеќе од 1 милијарда долари директно и индиректно изложување на биткоин на својата платформа.

NYDIG, исто така, најави 200 милиони долари зголемување на капиталот предводен од стратешки партнери, вклучително и Stone Ridge Holdings Group, Morgan Stanley, New York Life, MassMutual и Management Fund на Сорос, меѓу другите.

Во последниве денови, нафтениот милијардер Шел Инге Раке зборуваше за поддршка на биткоинот. Неговата компанија „Aker ASA“ создава нов бизнис за да го искористи потенцијалот на токенот. За време на викендот, кинеската апликација за обработка на фотографии Meitu рече дека инвестира во етер и биткоин. Минатиот месец, Tesla инвестираше 1,5 милијарди долари во БТК.

Поврзани вести

„Блумберг“ објави нови прогнози: Биткоин оди на 400.000 долари?

Влатко Зорба

Врвните светски универзитети купуваат криптовалути

Влатко Зорба

Големите играчи го туркаат нагоре Биткоинот

Влатко Зорба