СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Grayscale купува Лајткоин со неверојатно темпо

Менаџерот на крипто фондот „Grayscale Investments“ го откупи најголемиот дел од „ископаниот“ Лајткоин минатиот месец, според податоците на инструментот „Bybt“.

Grayscale во моментов поседува повеќе од 1,44 милиони LTC (248,33 милиони американски долари).

Компанијата е една од ретките услуги во САД што им овозможува на акредитираните и институционални инвеститори да купуваат криптовалути. Таа нуди над девет крипто-базирани „трустови“, кои се достапни и како претплата и како трговски удел на пазарот надвор од берзата. И додека Grayscale Bitcoin Trust привлекува најмногу капитал од инвеститори, Лајткоин се чини дека привлекува свои следбеници.

„Рударите“ произведоа над 201.600 LTC во последните 28 дена. Но, како што се зголемуваше снабдувањето, клиентите на Grayscale земаа најголем дел од новите монети. Во последните 30 дена, Lightcoin Trust (LTCN) има стекнато 174.900 LTC.

Според услугата за следење LitecoinBlockHalf, на секои 2,5 минути се забележува единствен „блок“ на Лајткоин, решен од „рудари“ – или субјекти кои ги трошат своите компјутерски ресурси за да ги потврдат трансакциите во замена за награда. За да ги покријат трошоците и да остварат профит, рударите ги продаваат повеќето од овие награди на отворен пазар.

Тековните податоци покажуваат дека рударите заработуваат повеќе од 12,5 лајткоини како „награда“. Ваквите бројки значат дека повеќе од 300 LTC се „копаат“ на час и 7.200 на ден – што значи дека повеќе од 201,600 LTC беа ископани во февруари за 28 дена (или 216,000 за 30 дена).

Бидејќи 174.900 LTC влегуваат во LTCN, бројките значат дека фондот купил скоро 80% од сите нови монети, „исковани“ во последниот месец.

Во меѓувреме, озлогласената „премија“ на Grayscale покажува дека побарувачката за Лајткоин е исклучителна. Според проспектот на компанијата, секоја акција на LTCN содржи само криптовалута во вредност од 15,70 долари, додека со самата акција се тргува на слободниот пазар по цена од 304,99 американски долари.

Ова е премија од над 1.842,61%, што инвеститорите ја плаќаат за стекнување експозиција кон LTC преку регулиран и безбеден фонд, без да се наметнува управување со приватни клучеви. Ова е далеку над премијата за кој било друг производ во Grayscale.

Поврзани вести

Гејтс го „сруши“ биткоинот?

Влатко Зорба

Две криптовалути може да го надминат Биткоин, тврфи познат трговец

Влатко Зорба

Американски регулатор ќе дозволи употреба на стабилни монети во банкарски услуги

Влатко Зорба