СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Азески: Да требаше Стопанската комора да ги донесе вакцините, тие ќе беа донесени

Претседателот на Стопанската комора на Македонија (СКМ), Бранко Азески на денешната средба со членките на комората посветена на актуелните прашања важни за стопанствениците, на која присуствуваа и вицепремиерот Фатмир Битиќи и на министерот за финансии Фатмир Бесими, на прашање од новинари да ја прокоментира ситуацијата со вакцините во земјава, изјави дека да зависело од СКМ, тие досега ќе биле во земјата.

„Да беше Стопанската комора задолжена да ги донесе вакцините, тие ќе беа донесени“, одговори Азески.

На костатцијата на министерот Бесими дека Буџетот е во стабилна кондиција и дека економијата се враќа во нормала, Азески праша ако е таква ситуацијата, „зошто е потребно да се одложува исплатата на дивидендите“?

На Азески му одговори вицепремиерот Битиќи, кој рече дека во случајот Нардоната банка најсоодветно може да одговори зошто нивната проценка во овој момент е банките да не делат дивиденди.

Поврзани вести

Во подружниците на Пошта од денеска повторно може да се плаќаат сметки

Влатко Зорба

Димковски: Искористеност на средствата од претпристапните фондови на ЕУ преку ИПАРД програмите

msp-admin

Нова инвестиција во ТИРЗ – германската „Ипротекс“ инвестира 5 милиони евра и отвора нови 30 работни места

Влатко Зорба