СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Од први јануари, за возила до 10.000 евра вредност, износот на данок ќе се пресметува само според емисијата на ЦО2

Возилата ќе се даночат според еколошката категорија. Од први јануари, за возила до 10.000 евра вредност, износот на данок ќе се пресметува само според емисијата на ЦО2. Разликата во еколошката категорија на возилата ќе се отслика во висината на данокот и кога станува збор за возила со дизел и бензински мотори. Возило со иста вредност и иста емисија на ЦО2, ако е со бензински мотор ќе плати помал данок. На пример, за сите возила со вредност до 10.000 евра и емисија на ЦО2 од 130 грама на километар, ако се со бензински мотор данокот ќе изнесува 6.500 денари а ако моторот е дизел – двојно повеќе.

-Притисокот на граѓанскиот сектор за загадувањето на животната средина е жесток и со право, зашто за здравјето нема алтернатива. Министерство за финансии и Царинската управа одговараат на дел од предизвиците поврзани со загадувањето на воздухот со системско, а не со ад-хок решение. Минатата среда пратениците го изгласаа новиот Закон за данок на моторни возила. Со него за прв пат се воведува принципот: ако возилото помалку загадува, за него има помал данок – рече министерката за финансии Нина Ангеловска на презентацијата на новата регулатива за оданочување на возилата при увоз.

Министерката Ангеловска нагласи дека новиот Закон за данок на моторни возила е прв закон за оданочување на возила кој не води сметка само за висината на приходите во буџетот туку прв пат се вградува компонента што ја стимулира набавката на еколошки возила и со тоа придонесува за намалување на загадувањето. Со тоа се стимулира обнова на возниот парк на систематска основа, што е многу важно, затоа што возниот парк во државата е стар меѓу 15 и 18 години.

Поврзани вести

На едно семејство не му стигнуваат две минимални плати за „преживување“

Влатко Зорба

НУК на прес со повеќе македонски здруженија пред утрешната средба во Владата

Влатко Зорба

Алексова: Туристичките агенции во колапс, се придружуваат на протестот на угостителите

Влатко Зорба