СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Во Турција претставен прототипот на првиот автомобил од домашно производство

Турција го претстави својот прв автомобил од домашно производство и се очекува првите возила да излезат од производна лента во 2022 година, јави Анадолија.

Турската автомобилска групација Joint Venture Group Inc или ТОГГ се состои од пет компании и планира да основа фабрика во производниот центар Бурса. Инвестицијата од 22 милијарди лири (3,7 милијарди американски долари) ќе овозможи производство на пет модели и вкупно производство на 175.000 возила годишно.

Првиот C-SUV ќе биде претставен во 2022 година, според веб-страницата на ТОГГ.

– Проектот се очекува да придонесе 50 милијарди американски долари во турската економија за 15 години по воведувањето на возилото во 2022 година, рече Мехмет Гурчан Каракас, главен извршен директор на конзорциумот.

Инвеститорите треба да обезбедат најмалку 3,5 милијарди лири во готовина како капитал до крајот на 2023 година, јави Блумберг.

Поврзани вести

Google ги обврзува производителите на Android телефони да вклучуваат Digital Wellbeing

msp-admin

Како ќе изгледа новиот дизајн на Facebook? (ФОТО)

msp-admin

Новите очила на Apple автоматски ќе ги отклучуваат сите ваши уреди

Влатко Зорба