СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Атанасов: Го стабилизираме пазарот со зелка и им помагаме на земјоделците, обезбедивме интервентна мерка од дополнителни три денари по килограм зелка

Зоран Атанасов, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ изјави дека со конкретни  мерки и проекти Владата предводена од СДСМ им помага на земјоделците и овозможува намалување на штетните последици и нивно побрзо закрепнување од глобалната здравствена и економска криза.

„Обезбедивме интервентна мерка од дополнителни три денари по килограм зелка од домашно производство, со што го стабилизираме пазарот со зелка и им помагаме на земјоделците.

Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со зелка, а оствареното производство го имаат продадено кај регистриран откупувач, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

За нив е обезбедена финансиска поддршка во износ од 3 денари по килограм зелка, а исплатата се однесува за количини кои се продадени во периодот од 05. април до 05. мај 2020 година“, вели Атанасов.

Според него, на овој начин се обезбедува стабилизација на пазарот со зелка  кој во месец април бил дестабилизаран поради намалување на побарувачката и откупната цена,  како последица од вонредната состојба предизвикана од коронавирусот.

„Дополнително, обезбедени се средства во висина од 110 милиони денари од Програмата за финансирање на активностите во тутунското производство за 2020 година, кои ќе се искористат за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година.

Со средствата кои се пренаменети ќе се изврши исплата на заостанатите обврски кон земјоделците. На овој начин се грижиме за домашното производство и за земјоделството како исклучително важна гранка во македонската економија“, изјави Атанасов.

 

Поврзани вести

Богатството на најбогатиот човек во светот Џеф Безос достигна рекордни 180 милијарди американски долари

Заев: Немаме намера да го продаваме акционерското друштво во државна сопственост Електрани на Северна Македонија

Влатко Зорба

Стапката на слободни работни места во четвртото тримесечје од 2020 година изнесува 1.57 %

Влатко Зорба