СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Индија го забранува Биткоин и воведува своја криптовалута

Индиската влада предложи закон за забрана на Биткоин, Етереум, Рипл и сите други децентрализирани криптовалути и воведување национална криптовалута што треба да ја издаде Националната банка за резерви на Индија.

Кина, ЕУ и САД, исто така, сакаат да воведат свои криптовалути, но сè уште немаат воведено забрани за децентрализирани валути. Индија е петта по големина економија во светот, според Светска банка. Со БДП од 2,9 трилиони долари, тaa е пред Велика Британија, Франција и Италија.

Минатата година, таа беше една од ретките земји што забележа раст на БДП, а директните странски инвестиции во земјата скокнаа за 13 проценти во споредба со 2019 година. Новиот закон има голема веројатност за усвојување, бидејќи десничарската партија на премиерот Нарендра Моди има мнозинство во двата дома на индискиот парламент. Сепак, пред две години, владина комисија предложи да се забранат сите криптовалути и десет години затвор за прекршителите. Резервната банка на Индија тогаш забрани криптовалути, но Врховниот суд ја поништи таа одлука во март 2020 година.

Потегот на индиската влада не е edinstven, но е најекстремен. Во Русија од минатата недела им е забрането на државните службеници да поседуваат криптовалути. Забраната се однесува и на членовите на одбори на државни претпријатија, како и на нивните семејства, вклучително и деца.

Поврзани вести

Изгубени лозинки „закопаа“ богатство вредно над 184 милијарди долари

Влатко Зорба

По MasterCard, и Visa воведува криптовалути

Влатко Зорба

На 46 бензински пумпи во Хрватска веќе може да се плаќа со криптовалути

Влатко Зорба