СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

MicroStrategy има 4,5 милијарди долари во биткоини, но сака повеќе

MicroStrategy планира да продолжи со собирање дополнителен капитал и да го искористи вишокот готовина за да купи уште повеќе Bitcoin, изјави извршниот директор Мајкл Сeјлор.

Иако компанијата неодамна инвестираше уште милијарда долари во Биткоин (БТК), не планира да запре наскоро, се вели во вчерашното соопштение на компанијата

„Ние ќе продолжиме да ја спроведуваме нашата стратегија за стекнување биткоин со вишок готовина и од време на време, во согласност со условите на пазарот, може да издаваме хартии од вредност на долг или капитал при трансакции за собирање капитал, со цел да користиме приход за купување дополнителни биткоини“, рече директорот Мајкл Сејлор.

Како што пренесе „Декипт“, компанијата за деловно разузнавање објави дека купила 19.452 БТК, во вредност од 1,026 милијарди долари, по просечна цена од 52,765 долари за БТК.
Купувањето на БТК од страна на MicroStrategy ја зголеми вредноста на неговиот Биткоин фонд на вкупно околу 4,5 милијарди долари.

Поврзани вести

Google Pay и Samsung Pay ќе прифатат плаќања со Bitcoin

Влатко Зорба

Сејлор го промовира Биткоин пред 7.000 компании

Влатко Зорба

Нов максимум: Биткоинот надмина вредност од 57.000 долари!

Влатко Зорба