СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Има 220 милиони долари во Bitcoin, но не го знае кодот за паричникот

Замислете дека имате милиони долари во Bitcoin, а сте ја заборавиле лозинката за пристап до вашиот дигитален паричник? Токму тоа му се случи на еден компјутерски програмер, Стефан Томас.

Пред точно 10 години, тој доби подарок 7.002 биткоини, кои сега вредат дури 220 милиони долари (пресметано по курс од околу 31.000 долари за BTC), но го изгубил кодот за неговиот дигитален паричник истата година, уште во 2011 година. Веројатно, како и многумина, верувал дека нема да му треба.

Сепак, сега кога најпознатата криптовалута ги руши сите рекорди и го постигнува успехот за кој малкумина сонуваа, тензијата во главата на Стефан расте. На него не му текнува лозинката и има само уште два обида, односно едно право да направи грешка.

Ако Томас направи уште една грешка, додека го внесува кодот по втор пат, неговиот дигитален паричник ќе биде заклучен засекогаш. Софтверот кој поддржува BTC е дизајниран така што само сопственикот може да има пристап до лозинките.

Системот „IronKey“ им нуди на сопствениците дури 10 обиди, а Томас веќе искористил осум без успех.

Всушност, овој девелопер не е единствениот кој ја заборавил лозинката за дигиталниот паричник во кој го „чекаат“ милиони. Се проценува дека 140 милијарди долари се заклучени во Bitcoin ширум светот (од кои има 18,5 милиони), бидејќи нивните сопственици ја заборавиле лозинката.

Томас, со германско потекло, живее во Сан Франциско. Овие денови, тој гледа како вртоглаво се смалува криптовалутата и ништо не може да стори во врска со тоа.

„Само лежам и размислувам за тоа. Потоа станувам, се упатувам кон компјутерот со нова стратегија, но ништо од тоа. И повторно сум очаен“, вели Томас.

Додека напредната криптовалута драматично расте, Wallet Recovery Services, кои се обидуваат да им помогнат на корисниците да ги повратат своите „изгубени паричници“, сега добиваат три пати повеќе барања на ден отколку порано, односно им се јавуваат до 70 луѓе на ден.

Поврзани вести

Институции купија 11.554 Биткоини пред да скокне цената

Влатко Зорба

Bitcoin падна до 35.300 американски долари

Влатко Зорба

Време е за корекција – 70 милијарди долари излегуваат од крипто-пазарот по големиот подем

Влатко Зорба