СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

УЈП ќе одржи е-аукција, на „мени“ недвижен имот, возила, булдужер…

Управата за јавни приходи на е-аукција закажана за 29 јануари ќе понуди на продажба возила, машини и деловен простор запленети по основ на неплатени давачки.

На аукција, меѓу другите се нудат комби „хјундаи“ од 2015 година со почетна цена од 1,1 милиони денари, автомобил „хјундаи“ од 2017 година за 434.194 денари, машини за производство на сокови, булдужер и други предмети.

За стварите кои се предмет на електронска ЈАВНА АУКЦИЈА, може да учествуваат само оние лица кои успешно се регистрирале и претходно уплатиле депозит во висина од 10% од утврдената вредност на движните/недвижните ствари, најдоцна до 18.01.2021 година (понеделник), на трезорска сметка на Министерство на финансии 100000000063095, депозитна сметка на Управа за јавни приходи 0900515679-696-10, приходна шифра 725939, програма 20.

Доколку депозитот е навремено уплатен, ќе добиете порака на вашата е-пошта (пријавена при регистрација за учество на електронската јавна аукција) дека ги исполнувате условите за учество на електронската јавна аукција. Откако ќе креирате свој кориснички профил, пријавата и регистрацијата за учество на електронската јавна аукција и наддавање за движните/недвижните ствари можете да ги направите најдоцна до последниот рок за уплата на депозитот.

Условите за учество на јавното наддавање и Упатството за употреба на е-аукциите се објавени на веб порталот http://e-aukcii.ujp.gov.mk

Јавна аукција ќе се одржи по електронски пат со електронски сервиси кои ги обезбедува УЈП.

Учесникот кој дал најповолна понуда за движна ствар е должен веднаш да ја уплати разликата од купопродажната цена, а најповолниот купувач на недвижната ствар, во рок од 8 (осум) дена од денот на заклучување на електронската јавна аукција. Во спротивно, продажбата со решение се огласува за неважечка, а купувачот го губи правото на враќање на депонираниот депозит. Стварите се продаваат по системот видено-купено, дополнително рекламации не се примаат. На понудувачите чија понуда не е прифатена депозитот им се враќа по заклучувањето на јавната аукција.

За истото ќе бидат известени со порака на нивната е-пошта.

Поврзани вести

Грант до 15.000 евра за нови вработувања и успешност преку „Ковид 4“

Влатко Зорба

На едно семејство не му стигнуваат две минимални плати за „преживување“

Влатко Зорба

38 американски држави го тужат Гугл

Никола Поповски