СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните брзаат да ги повлечат парите од државната помош

Лицата  кои добиле финансиска помош од четвртиот сет на мерки, а имаат блокирани сметки ќе можат да си ги подигнат парите доколку ги ажурираат податоците.

-За клиентите кои имаат блокирани сметки, Банката ќе отвори посебна наменска сметка на која ќе бидат префрлени средствата од финансиската поддршка. Со цел комплетирање на документацијата за оваа сметка, клиентите задолжително е потребно да се обратат до најблиската експозитура, најдоцна до петок 25.12.2020 година. За сите детали поврзани околу исплатата, Банката ќе достави СМС пораки до клиентите распределени за исплата на финансиската помош, согласно расположливите контакт податоци, стои во соопштенијата од банките.

Исто така, ги повикуваат и граѓаните кои немаат трансакциска сметка да дојдат во најкус можен рок за да им се отвори, за да можат да ги добијат парите.

-Оние граѓани коишто се со блокирани сметки, согласно законот, се прераспределуваат во банка која има техничка можност да ги исплати средствата на засебна сметка.Владата на Република Северна Македонија стори сé да ги ослободи граѓаните од административни процедури со цел средствата да стигнат до сите на кои им се потребни во најбрз можен рок, а средствата да може да се користат за она за што на граѓаните им се најпотребни, велат од Владата.

Лицата кои добијат 6.000 денари може да ја користат во кој било период без рокови и ограничувања.Сега парите може да  се искористат во кеш, а со нив да купуваат и други производи што не се домашни или да плаќаат за други услуги.

Ажурираната листа на корисници е објавена и поставени се сите категории на граѓани кои добиваат еднократна помош од 6.000 денари како мерка од 4-тиот пакет помош во време на пандемија со КОВИД-19. Во тек е процесот на обработка на приговорите. Граѓаните се упатуваат да ја проверуваат веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk на која се ажурираат податоците така како што пристигнуваат од институциите во зависност од категориите на граѓани за кои се надлежни, соопштија од Влада.

Еднократната помош се однесува на граѓаните со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, со пресек на 27-ми септември, односно денот кога беше објавен четвртиот пакет на економски мерки.

 

Поврзани вести

Зголемени трошоците за животот и цените на мало

Stefanija Kuzmanovska

УЈП ги објави должниците, ТЕ-ТО останува на врвот

Влатко Зорба

Можна соработка со Турција во областа на земјоделството

msp-admin