СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Square купи биткоини во вредност од 170 милиони долари, цената на криптовалутата се качи на 50.000

Биткоин го започна денот добро денес. За разлика од вчера, кога цената падна на околу 48.000 долари во првите часови наутро, а неколку часа подоцна на 46.000, утрово оваа криптовалута е во „зелена“ боја.

Во моментот на пишување на текстот, еден биткоин вредеше 50.429 долари.

Square купи биткоини во вредност од 170 милиони долари, тоа беше откриено во нивниот деловен извештај за четвртиот квартал на 2020 година. И тоа може да биде информација што имаше позитивен ефект врз цената утрово.

Компанијата, наводно, купила приближно 3.318 биткоини, надоврзувајќи се на купување на 4.709 во октомври 2020 година.

Оттаму открија дека ова претставува околу пет проценти од вкупните средства на компанијата на крајот на 2020 година.

Поврзани вести

Кубан: Криптовалутите ќе го променат начинот на работа на повеќето бизниси

Влатко Зорба

Поранешна порно ѕвезда си купува Dogecoin

Влатко Зорба

Биткоинот на чекор од 50.000 долари

Влатко Зорба