СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Тргувањето со криптовалути достигна рекордни 68 милијарди долари

Обемот на тргување на криптовалути на водечките берзи во понеделникот достигна дневен рекорд од над 68 милијарди долари, според податоците цитирани од Ројтерс. Вредностите потврдуваат дека манијата за дигитални пари продолжува и покрај поевтинувањето на Bitcoin.

Во неделата, неговата цена достигна апсолутен рекорд од 34.800 долари, но потоа падна за 17% во понеделникот. Денеска, неколку минути по 23 часот по наше време, валутата се тргуваше за нешто под 34 илјади долари..

Втората криптовалута според пазарната капитализација – Ethereum, ја достигна највисоката цена од јануари 2018 година во понеделникот, надминувајќи го прагот од 1.170 долари. Во вторникот, валутата се разменува за 1.096 долари.

Денешните количини на тргување, кои достигнаа 68,3 милијарди долари, се многукратно повисоки од просечните дневни вредности за 2020 година од 13,1 милијарди долари, покажуваат податоците на британската компанија „CryptoCompare“.

Растечкото „рели“ на BTC ги разгорува надежите дека криптовалутата може да дејствува како прибежиште од инфлациските ризици, бидејќи владите и централните банки се свртуваат кон стимулации. Потенцијалот на криптовалутата за брзо поскапување привлече и инвеститори.

Претходно, аналитичарите на JPMorgan објавија прогноза дека на долг рок цената на Bitcoin има потенцијал да достигне 146 илјади долари, продолжувајќи да се натпреварува со златото за инвестициски текови.

Тргуваниот волумен на криптовалути традиционално се зголемува со поголеми движења на цените.

Поврзани вести

Кратка хронологија на цената на Ethereum

Влатко Зорба

НОВ ШОК НА ПАЗАРОТ НА БИТКОИН: Криптовалутата од утрово во голем „минус“

Влатко Зорба

Биткоин вчера ја помина магичната граница, денеска повторно запиша пад

Влатко Зорба