Според публикација на „Fortune“, познатиот инвеститор, брокер и мотиватор Џордан Белфорт, кој рече дека Биткоин ќе исчезне по масовната корекција во 2018 година, ги смени своите ставови за водечката криптовалута во светот и верува дека БТК може да достигне 100.000 американски долари.
Белфорт е наречен „Волкот од Волстрит“, по истоимената книга објавена во 2012 година. Во 2013 година, Мартин Скорсезе режираше истоимен филм со Леонардо ди Каприо како Белфорт.
За време на неговиот разговор со „Fortune“, Белфорт призна дека не бил во право за Биткоин кога го предвидел неговиот колапс во ТВ-емисија во 2017 година. Тогаш средството успеа да се приближи до нивото од 20.000 долари.
„Волкот“ беше сигурен дека Биткоин ќе пропадне под притисок на регулаторите. „Тоа беше идеален начин за перење пари“, рече тој во емисијата, што би ги натерало владите да го забранат.
Сепак, мислењето на Белфорт сега е различно. Кога разговараше со „Fortune“, поранешниот брокер призна дека досега дигиталната паричка има стекнато многу поголем број на поддржувачи, вклучувајќи и многу институционални купувачи.
Тој верува дека благодарение на неговите предности во однос на акциите (ограничени емисии), можно е Биткоин на крајот да достигне ниво од 100.000 долари.