СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Британец мора да плати 571 милиони долари за кражба на биткоини

Бенџамин Рејнолдс, британски државјанин е обвинет за измама во која добил над 20.000 биткоини. Рејнолдс доби парична казна од 429 милиони американски долари и скоро 143 милиони долари реституција по наредба од федералниот суд во Менхетен, пренесе „Блумберг“.

Имено, Државната комисија за трговија на стоки (CFTC) во тужбата наведува дека Рејнолдс, од мај до октомври 2017 година, барал биткоин од луѓе, на кои им кажувал дека ќе тргува во нивно име за да ги зголеми нивните профити. На измамата се „фатиле“ над 1.000 луѓе ширум светот, така што Рејнолдс добил околу 143 милиони долари во биткоини, со кои, секако, не тргувал.

Американските власти не знаат каде е Рејнолдс и се тврди дека тој не одговорил на тужбата. Жртвите на измама се предупредуваат однапред дека налозите за враќање на штетата не можат да резултираат со враќање на украдени пари, бидејќи обвинетиот можеби нема доволно средства за плаќање.

Поврзани вести

FCA: Инвеститорите во Bitcoin може да ги изгубат сите свои пари

Влатко Зорба

Украина ќе користи блокчејн за заштита на интелектуалната сопственост

Влатко Зорба

Chainlink достигна рекордна цена

Влатко Зорба