СТАНДАРД life
Фото: Сара Мејс
МК Сцена

📽️ Sarah Mace and The Girlzz ја започнуваат празничната магија со „Нека Трепка“

Македонската пејачка и авторка Сара Мејс ја објави својата нова празнична песна „Нека Трепка”, во изведба на вокалниот квартет Sarah Mace and The Girlzz, кој го сочинуваат Сара Мејс, Ана Петановска, Калина Велковска и Теа Богатинова. Песната ја носи топлината и празничната магија на декември, музиката и текстот се дело токму на Сара Мејс, додека аранжманот е на Роберт Билбилов.

За новата песна е снимен и видео спот, изработен од продукцијата steadyflow, кој премиерно беше емитуван вчера на популарната видео платформа YouTube. Спотот е снимен на две локации – Kira Apartments во Маврово и студиото Photofactory во Скопје – и визуелно ја доловува интимната, нежна и волшебна атмосфера која доминира во песната.

Песната „Нека Трепка” е нежна празнична приказна што ја буди магијата на декември низ мирисите, боите и чувствата што го обојуваат овој период од годината. Преку топли, интимни слики – цимет, јаболка, путер колачиња, чувство на сигурност и препуштање – Сара креира атмосфера во која слушателот се смирува, соништа оживуваат, а празничниот дух тивко се вселува „под кожа”. Рефренот „Трепка, трепка, трепка, нека трепка” го носи возбудливото очекување на Новата година и желбата овој декември да биде најволшебен, донесувајќи топло, празнично музичко доживување што буди радост и носи доза празнична фантазија.

Во духот на празничната сезона, со „Нека Трепка”, Сара Мејс го најавува почетокот на најволшебниот месец во годината и ја продолжува традицијата од претходните неколку години да ја доловува празничната музичка магија.

A тивко меѓу редови, Сара и девојките навестуваат дека празничната топлина ќе продолжи да блеска и во периодот што следува, оставајќи впечаток дека се подготвува нешто посебно што ќе се почувствува уште посилно во живо.

Поврзани вести

Бајага и Инструктори, Бејби Лазања и Џекс Џонс пред 20.000 луѓе донесоа незаборавна Get EXITed ноќ во Струмица

Urednik

Лара по 10 месеци ја прекина тишината со „Нека гори“

Radmila Tasevska

Филмови на Манчевски со проекции во Индија, Франција и Хрватска

Urednik