СТАНДАРД life
Фото: Ламбе Алабаковски
МК Сцена

Алабаковски се враќа на скопската сцена со концерт во „Јавна соба“

По цела деценија пауза, популарниот македонски пејач Ламбе Алабаковски повторно ќе настапи пред скопската публика. Концертот во „Јавна соба“ на 10 октомври ветува незаборавна вечер исполнета со емоции, енергија и најпознатите хитови кои го обележаа неговото долгогодишно присуство на македонската музичка сцена.

„Конечно, по десет години на некој му текна да го викне Ламбе Алабаковски во Скопје, да ги испеам моите најголеми хитови и општо хитови кои останале запишани во историјата, а верувам дека ќе останат и по 10 октомври“, изјави пејачот, најавувајќи вечер која ќе ја врати магијата.

Концертот ќе ги опфати неговите најголеми хитови. Публиката ќе има можност да ужива во песни кои станаа дел од домашното музичко наследство, препознатливи по мелодичноста и искрената емоција со која Алабаковски секогаш настапува. Концертот ќе биде и најава за нови музички проекти што пејачот ги подготвува по своето враќање на сцената.

Поврзани вести

Стефановски: Во денешната музика нема ни „Б од бунт, се прави како колбаси, се е на лента

Urednik

Дац и Александар ќе го вратат гласот на Бранка Станковска на нивниот концерт во петок

Radmila Tasevska

Д ФЕСТИВАЛ е во финалните Најдобри 10 фестивали во Европа!

Urednik