СТАНДАРД life
МК Сцена

Тозија: „М“ ја доби наградата за најдобар на „Dances with films“ затоа што не е клише, ретко виден за тамошната публика!

Филмот „М“ на Вардан Тозија ја доби наградата за најдобар филм на њујоршкото издание на фестивалот „Dances with films“ кој според USA Тoday, фестивалот се вбројува меѓу „десетте најзначајни филмски настани на северноамериканскиот континент“, според CNN, важи за „лидер во позиционирање на свежи и нови таленти на филмската индустрија. Режисерот Вардан Тозија во утринската програма на „Слободен печат“ вели дека публиката во неговото „дело“ препознала жанровски филм виден низ источната оптика.

„Филмот премиерно беше прикажан на „Dances with films“. На фестивалот поголемиот дел од филмиовите беа од северно-американско подрачје. Од Балканот имаше неколку, од Европа 10 филмови а останатите од САД. Специфика е на овој фестивал е тоа што не ги протежира филмовите кои излегуваат од холивудските студија, туку селектира филмови од независната филмска сцена која е огромна и моќна во Њујорк. Лос Анџелес и Чикаго. Филмот наиде на одличен прием. Беше нешто што е ретко видено за тамошната публика, премиерата беше на театарот на Менхетн, некое култно кино кое за жал најверојатно ќе престане да постои затоа што и таму киното доживува некаков пад. Тоа што беше интересно за американската публика е тоа што се работи за жанровски филм, виден низ некоја источна оптика“, вели Тозија.

Режисерот вели дека „ М “ е поразличен и не е еден од нивните комерцијални филмови што робуваат на нивните клишеа драматуршки, туку публиката тоа го сфатила онаков какошв што бил презентиран.

„Тие режисери кои беа во конкуренција со филмот „М“ беа луѓе кои не се познати , но тоа се луѓе кои ги снимаат своите втори, трети филмови, кои се борат за место под Сонцето, за разлика од нас европјаните кои сме малку разгалени. Таму борбата да се добие е далеку посурава. Таму не постои државна закрила зад создавањето на филм, туку тоа се приватни пари, каде низ некој комерцијален потенцилај треба да се внесе нешто што е артистичко. И тоа е голем предизвик за нив. Таа сурова борба води кон квалитет“, рече Тозија.

Според Indiewire, фестивалот го препознава како „нашироко признаен поради откривањето на иновативниот дух и талент во независната кинематографија“.

„М“ доби награда за најдобар филм на фестивал во Њујорк

Поврзани вести

Ди-Џеј Александар Јорданов: Не се подготвувам за моите сетови, нема ништо поубаво од спонтаност

Urednik

🎥„Очи Вселена” на Сара Мејс доби видео запис

Urednik

Антониа Гиговска објави нова фотографија: „Јас и мојот мал дечко“

Radmila Tasevska