СТАНДАРД life
МК Сцена

Антониа Гиговска објави досега невидени фотографии од синот Киан, по повод вториот роденден

Веста дека нашата пејачка Антониа Гиговска се вери и очекува бебе, како бомба одекна во јавноста пред две години, особено затоа што никој не знаеше дека таа е во врска со Роберт Спасенцовски – Џокер, со кого денес е во среќен брак.

Сега две години подоцна, Антониа и Роберт на 14-ти јули го прославија вториот роденден на нивниот син Киан.

По тој повод, пејачката одлучи да ги почести своите следбеници на Инстаграм со повеќе досега невидени фотографии од синот.

Очигледно е дека пејачката, како и секоја друга модерна мајка го документира секој миг поминат со синот, но тие фотографии ги чува само за посебни пригоди.

„Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе, сакам да знаеш дека си мојата најголема среќа, и дека ќе те чувам додека сум жива. Ти си мојот живот! Засекогаш“ – напиша Антониа во описот до фотографиите.

Кликнете на стрелките во објавата за да ги погледнете сите фотографии.

Поврзани вести

Македонскиот игран филм „17“ на Берлинале

Urednik

📽️ Македонскиот филм „Неми Филмови“ меѓу најдобрите анимирани кратки дела за 2025 според „Animation Magazine“

Urednik

📸Младата уметничка Олимпија Камчева – Стојческа добитник на престижната награда SantiPharma Award во Венеција

Urednik